Емотивната сцена на крајот од синоќешниот последен меч во кариерата на Роџер Федерер покрена емоции кај сите во „О2“ арената во Лондон, крај малите екрани, а имун на тротелниот момент не остана ниту неговиот голем конкурент, Новак Ѓоковиќ.
Србинот на крајот не можеше да ги задржи солзите и плачеше заедно со останатите големи ѕвезди на теренот, без разлика што е јавна тајна дека двајца и не се сакаат баш премногу. Најемотивниот момент дојде кога Федерер се обиде да даде изјава, но почка да липа пред сите, што автоматски донесе солзи кај сите вклучувајќи го и популарниот Ноле.
Ѓоковиќ стоеше над Роџер со наведната глава, а камерите во неколку наврати го уловија како плаче подлегнувајќи им на емоциите, со што истовремено покажа дека покрај тоа што е голем натпреварувач истовремено е и голем џентлмен.
Same 😭😭😭😭😭😭@LaverCup | #LaverCup pic.twitter.com/a7Q1vRZgcC
— ATP Tour (@atptour) September 23, 2022