Емери има големи шанси да го предводи Еветрон

Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери може да го предводи Евертон. Претставниците на клубот од Ливерпул се сретнаа со шпански специјалист, пренесе „Скај спортс“.

Претходно, Евертон го отпушти Марк Силва од позицијата главен тренер.

По 15 кола, екипата за прв пат по 20 години се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата.

Емери (48) го предводеше Арсенал од минатиот јули. Под негово водство, „топџиите“ го освоија петтото место минатата сезона во шампионатот на Англија, освојувајќи 70 бода, а исто така стигна и до финалето на Лигата на Европа, каде загуби од Челси.

Сепак, на крајот на ноември годинава, Емери беше разрешен од функцијата поради незадоволителни резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e