„Експлозија“ на Кениецот во МЗТ Скопје: Нуни Омот е МВП на првото коло во АБА 2 лигата

Одличен влез во новата сезона во АБА 2 лигата на МЗТ Скопје и фантастично деби на Нуни Омот. „Металците“ ја совладаа Слобода Тузла со 110:88 во меч во кој централна фигура беше кенискиот интернационалец кој „експлодира“ на 25. роденден.

На паркетот во СЦ „Јане Сандански“ мина 28 минути во кои реализира 33 коша, промаши само еднаш за два поена и демонстрира мирна рака во сите шест удари за тројка и по сите одиграни средби гхо понесе епитетот МВП на колото.

Кош ефектот го дополни со три скока и исто толку асистенции, „украде“ една топка и натпреварот го заврши со индекс на корисност 37.

Екипата на МЗТ Скопје во второто коло (8 октомври) ќе гостува на Спарс во Сараево чии кошаркари во првото коло загубија на домашен терен од Рогашка со 57:72.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e