Екс голманот на Вардар одбројува до пензија: Арпад Штербик се повлекува на крај на сезоната

Еден од најдобрите голмани во ракометната историја, Арпад Штербик ќе стави крај на кариерата по завршување на оваа сезона, објавија унгарските медиуми. Поранешниот чувар на мрежата на Вардар моментно е меѓу стативите на Веспрем. Кариерата ја почна во Југовиќ од Каќ, а играше уште и за Сиудад Реал, за Атлетико Мадрид и за Барселона.

Екс репрезентативецот на Југославија и на Србија и Црна Гора е роден во Сента, а од ракометните терени ќе се повлече на, безмалку, 41 годишна возраст.

Четири пати ја освојуваше Лигата на шампиони на ЕХФ, во 2017 година и со екипата на Вардар додека во 2005 година беше прогласен и за најдобар ракометар во светот. Со селекцијата на Југославија освои бронзени медали на Светските првенства во 1999 година и во 2001 година, со Шпанија, пак, има по едно континентално и мундијалско злато плус сребро и бронза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e