Екипата на Бутел подобра од Металург 2 во ракометната Суперлига

Екипата на Бутел го совлада Металург 2 со 29:23 (14:10) во натпревар од ракометната Суперлига.

Домашните постојано водеа и рутински ја одржуваа предноста и на крај се радуваа на триумф со шест гола разлика. Мајиќ со 7 голови беше прв стрелец кај Бутел, а кај вториот тим на Металург се истакна Стојановиќ со 13 погодоци.

По оваа победа, Бутел е на трето место со 15 бода од седум меча (пет победи и два порази), а Металург 2 е последен со само еден бод (едно реми и шест порази).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e