Драма во Скопје: Брилијантниот Талески го сруши Елверум со гол во последните секунди

Екипата на Металург победнички ја започна новата сезона во Лигата на шампионите, откако вечерва во еден супер драматичен натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ го доби составот на Елверум од Норвешка со 18-17.

Херој на македонскиот вицешампион беше репрезентативецот Филип Талески кој буквално експлодираше и постигна дури 13 погодоци меѓу кои и победничкиот од последните секунди. Исто така вреди да се издвои и голманот Арсиќ кој собра вкупно 15 интервенции.

Натпреварот како што покажува и самиот резултат беше израмнет, тврд, исцрпувачки, но на крајот сосема заслужено како победници од оваа битка излегоа избраницита на Лино Червар.

Првиот дел ни припадна нам со 8-7, вториот заврши без победник (10-10), сосема доволно за први два бода за „металурзите“ во групата Ц. Во второто коло Металург му гостува на Татран Прешов, тим кој пред неколку дена го победи во СЕХА регионалната лига.

Извор: Дерби

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e