Динамо Загреб на тапет во УЕФА: „Бед Блу Бојси“ искорнале 150 столчиња на „Етихад“

Динамо Загреб загуби од Манчестер сити со о:2 во Лигата на шампиони и многу веројатно ќе остане и без поприлична сума на пари на клупската сметка. Хрватскиот првак на „Етихад“ беше бодрен од околу 1.500 членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“ (БББ) чие гостување на Островот не мина без проблеми. Клубот ќе заврши на дисциплинска во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), откако неговите симпатизери икорнаа околу 150 столчиња во домот на „граѓани“ и ги расфрлаа наоколу штои не остана незабележано од медиумите и од делегатот на средбата.

Испадот на БББ се случил во 65. минута и погодокот на Стерлинг за 1:0 на Сити. Медиумите во Англија наведуваат дека во таа прилика е „фатен“ и еден гостински навивач како салутира со нацистички поздрав. Истрага во УЕФА ќе се води и против домашни фанови кои фрлаа предмети на терен. Одлуката за двата клуба ќе биде позната на 17 октомври.

Динамо Загреб во април оваа година беше казнет со два меча на „Максимир“ без публика и 67.000 евра по првиот осминафинален дуел со Бенфика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e