Дејли Мејл: Покетино може да биде екс менаџер на Тотенхем до мечот со Ц. Звезда

Серијата лоши резултати го принудија Маурисио Покетино да размислува за оставка во екипата на Тотенхем. Веста ја објави „Дејли Мејл“ и во неа се наведува дека аргентинскиот менаџер бара начин за повлекување од позицијата кај „спарси“ без разлика што сопственикот на клубот, Дејвид Леви сака да го задржи на кормилото.

Покетино изразил големо разочарување од односот на екипата по дебаклот од Баерн Минхен (2:7) на домашен терен во Лигата на шампиони. Поразот, се вели натаму, е трет во последните четири натпревари на Тотенхем, вклучувајќи ја и елиминацијата на пенали од четвртолигашот Колчестер во Лига купот на Англија. Кризата во премиерлигашот од Лондон е продлабочена и со одбивањето на Кристијан Ериксен, Јан Фертонген и Тоби Алдивирелд за обнова на договорите што им истекуваат на крај на сезоната.

„Дејли Мејл“ оди дотаму што пишува дека е прашање дали Покетино воопшто ќе ја води екипата против Црвена звезда во Лигата на шампиони на 22 октомври. Ако, пак, клубот му врачи отказ, тогаш ќе мора да му исплати и 32 милиона фунти, па затоа одлуката за (не)останување е лично на Аргентинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e