Членови на „Пуси Рајот“ фатени во Катар, сакале да упаднат на финалето на светското првенство во фудбал

Членовите на рускиот бенд „Пуси Рајот“ биле приведени синоќа откако се обиделе да упаднат на теренот на финалето на Светското првенство во Катар, како знак на протест против војната во Украина, затворањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и угнетувањето на жените во Иран, пренесува „Ројтерс“.

Според Фондацијата „Кино за мир“, хуманитарна организација со седиште во Берлин, приведени се членот на бендот Ника Никулшина, колегата од бендот Петер Верзилов и уште еден член на бендот од Украина.

Активистите биле спречени од безбедносните служби пред да влезат на терен, се вели во соопштението на фондацијата. Според информациите, безбедносните сили повлекле еден од членовите неколку секунди пред да влезе на теренот. Верзилов, еден од најпознатите руски активисти и новинар на независниот медиум Медијазон, веќе беше баран од Москва.

Активистите на „Пуси Рајот“ накратко го прекинаа финалето на Светското првенство во ФИФА во 2018 година кога упаднаа на теренот за да привлечат внимание на кршењето на човековите права во Русија. „Кино за мир“ го евакуираше од настанот, за да го однесе на лекување за наводно труење. Фондацијата, исто така, го донесе Навални од Русија во Берлин во 2020 година за спасувачки третман по труење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e