Чилеанскиот голман Клаудио Браво потпиша за Манчестер Сити

Пеп Гвардиола во Манчестер Сити донесе нов голман, Клаудио Браво од Барселона потпиша четири годишен договор со англискиот тим.

Задоволство од потпишаниот договор покрај клубот од Англија изразија и тренерот Гвардиола но и чилеанскиот голман.

Тоа е голман кој го ценам многу години и навистина сум среќен што сега е играч на Сити“ – изјавил Гвардиола. Според него, чилеанецот е искусен и има големи лидерски квалитети и е во најдобрите години од животот.

Браво пак изјавил дека е многу среќен што доаѓа во Манчестер Сити и се надева дека ќе биде дел од многу успеси во наредните години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e