Било каква одлука за исход на сезоната во Премиер лигата ќе бара гласови од 14 од вкупно 20 клуба

За одобрување на измените во правилата во сезоната во Премиер лигата, потребна е согласност од две третини од клубовите. Според „Evening Standard“ опцијата за откажување на резултатите од сезоната веројатно би одговарала на најмалку 11 екипи. Алтернативна варијанта вклучува завршување на сезоната со тековни резултати или воведување систем на плеј-оф.

Без оглед на која одлука да се донесе, за нејзино усвојување ќе бидат потребни гласови од 14 од 20-те премиерлигаши.

Сега натпреварите во Англија се прекинати барем до 4 април, како резултат на ситуацијата со коронавирусот.

По 29 одиграни кола, лидер е Ливерпул, на кој му се потребни две победи за да го обезебди шампиомнскиот трофеј. зс/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e