Барселона и Реал се договорија кога да се игра „Ел класико“

Откако беше одлучено од безбедносни причини да се одложи големиот дерби натпревар од шпанската фудбалска лига меѓу Барселона и Реал Мадрид, закажан за 26 октомври, Каталонците објавија соопштение.

Од Барса велат дека не сакаат натпреварот да се игра во Мадрид, и го предлагаат 18 декември како термин за играње на нивниот стадион „Ноу Камп“. И за Реал, тој датум е прифатлив.

Во Каталонија се закажани протести за 26 октомври, па иако од Барселона тврдеа дека натпреварот ќе минел во најдобар ред и без проблеми, сепак средбата беше одложена.

Проблем околу играњето на 18 декември може да направи шпанската фудбалска федерација, бидејќи на тој ден се играат и куп натпревари. Останува отворена и опцијата за 7 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e