Балотели со среден прст кон тифозите на Интер

Поранешниот играч на Интер, Марио Балотели им покажа среднен прст на навивачите на миланскиот клуб за време на натпреварот против неговата Бреша во Серија А. Тоа беше негов одговор на многуте прозивки и навреди упатени до него од страна на тифозите на „нероазурите“. Се слушнаа премногу пцости упатени на негова адреса, со кои успеаја да го извадат од рамнотежа.

Напаѓачот мина три сезони со тимот на Интер меѓу 2007 и 2010 година, по што беше продаден во Манчестер сити. Подоцна во својата кариера, Балотели се пресели во Милан, со што предизвика гнев кај своите поранешни навивачи на клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e