Баерн, сепак, заинтересиран за Роналдо

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо, сепак, би можел да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен, објави денеска германскиот весник „Билд”.

Еден од челниците на германскиот првак Оливер Кан вчера отфрли можност Роналдо да дојде во редовите на Баерн бидејќи не се вклопува во клупската филозофија, но германските медиуми тврдат дека раководството на бундеслигашот од Минхен во меѓувреме го сменило мислењето.

– Челниците на Баерн интензивно дебатираат во врска со Роналдо. Главната тема е како би се вратиле парите кои би биле вложени во португалскиот напаѓач, како и заработката од евентуално доаѓање на Роналдо во Баерн, пишува „Билд”.

Роналдо поради семејни причини, како што самиот наведе, го пропушти стартот на подготовките на Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e