АТП турнир во Пекинг: Тим го исфрли Мареј во четврт-финалето

Британскиот тенисер Енди Мареј е елиминиран во четврт-финалето на АТП турнирот во Пекинг што се игра за награден фонд од 3,5 милиони долари. Поранешниот број 1 светски рекет и освојувач на трофејот во кинеската престолнина во 2016 година, загуби од Австриецот Доминик Тим со 2:6, 6:7, но, сепак, покажа дека полека се движи кон формата пред операцијата на колкот по годинашниот Австралија опен.

Мареј, моментно 503. на ранг листата, успеа да направи брејк и беше на два поена до освојување на вториот сет, меѓутоа Австриецот го задржа својот сервис и израмни на 6:6, а во тајбрејкот набрзина поведе со 5:1 што беше клучно за победата.

За место во финалето, Тим ќе игра против четвртиот носител во Пекинг, Карен Хачанов од Русија кој во четврт-финалето го елиминира Италијанецот Фабио Фоњини со 3:6, 6:3, 6:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e