Аргентинецот е нов крал на стрелците: Меси – Роналдо 608:606 во постигнати голови

Лионел Меси го презеде приматот на клупски план кога во прашање се постигнатите голови во кариерата. Аргентинскиот фудбалски ас постигна два во триумфот на Барселона над Валјадолид со 5:1 и стигна до бројката од 608 погодоци, два повеќе од Кристијано Роналдо.

Сите реализации на капитенот на Каталонците и на „гаучосите“ се архивирани во дресот на Барселона во 695 одиграни мечеви во 16. сезони во Примера. Португалецот, пак, има повеќе сезони зад себе (18), но и повеќе клубови (Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус) и 606. гола ги постигна во 814 средби.

Фото: bleacherreport.com
Фото: bleacherreport.com

Бројките упатуваат дека Меси дава по 0,87 гола во просек по натпревар додека неговиот најголем ривал 0,74, како и дека Аргентинецот постигнува гол на секои 92 минути, а Португалец на повеќе од 109 минути.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e