Ангеловски оптимист пред мечот со Словенија: Сами решаваме за сопствената судбина

Мечевите со Словенија и со Полска се пресудни во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година, вели Игор Ангеловски, селектор на македонската фудбалска репрезентација. Истовремено изрази уверување дека настапот со „змајчеки“ на арената „Тоше Проески“ ќе биде најдобар на „црвено-жолтите“ во циклусот.

„Се одлучив за, речиси, ист список на играчи во споредба со претходните средби. Во комбинација не е повредениот Дарко Велковски, а неизвесен е Енис Барди и за него ги очекуваме наодите од лекарските прегледи. Во тимот се враќаат Тошевски и Ристовски додека мечот со Словенија ќе го пропушти Бејтулаи поради жолти картони. Убеден сум дека против Словенците ќе се прикажеме во најсветлото издание во квалификациите. Исклучително важен меч за нас. Сами решаваме за сопствената судбина“, истакна Ангеловски.

Мечот со Словенија е на 10 октомври на арената „Тоше Проески“ со почеток во 20.45 часот. Во истиот термин, на 13 октомври, македонската репрезентација ќе ѝ гостува на Полска и до крај на квалификациите ќе следува гостување кај Австрија (16 ноември) и дуел на домашен терен со Израел (19 ноември).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e