Алегри и Мурињо чекаат за позицијата на Зидан во Реал Мадрид

Неколку часови откако стана јасно дека Зинедин Зидан може да биде отпуштен од Реал Мадрид при нов неуспех на тимот, станаа познати двајцата најсериозни кандидати за неговата функција.

Според „Ел Мундо“ и „Калчомеркато“, Масимилијано Алегри или Жозе Мурињо се опциите пред раководството на „белите“ доколку стане збор за рокада

Во саботата, Реал загуби од Мајорка со 0-1, што дополнително ја искомплицира ситуацијата за Зидан на „Бернабеу“.

Според разни извори, Французинот доби ултиматум и доколку не успее да забележи победа на натпреварот во Лигата на шампионите против Галатасарај оваа недела, тој ќе биде отпуштен од работа.

Во моментов, и Алегри и Мурињо се без работа и чекаат конкретни предлози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e