Албански политичар го ограбил домот на Карим Бензема!

Албанската полиција на барање на Интерпол уапсила висок функционер од Владата поради сомневање дека бил вклучен во грабеж во домот на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, пренесува „АС“.

41-годишниот Продани е функционер од албанската власт, тој бил директор на Јавното претпријатие Водовод во областа Курбин во Албанија.

Шпанската влада распошала меѓународна потерница по Продани кој се терети за учество во грабеж на десетина куќи во Шпанија меѓу кои и таа на Карим Бензема.

Бензема беше жртва на нападот на 27 февруари 2019 година за време на „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“. По натпреварот Бензема бил известен дека во неговата куќа се случил голем грабеж.

„Тој краде од Бензема и го поставуваат за директор. Ако успее да го ограби Меси, ќе стане министер“, иронично коментираат од опозицијата.


Извор: Спортски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e