„Ахтунг, ахтунг“: Баерн со предупредување до навивачите за мечот со Ц. Звезда во Белград

Сите навивачи на Баерн Минхен кои планираат да патуваат на натпреварот со Црвена ѕвезда во фудбалската Лига на шампиони ќе бидат предупредени за евентуалните ризици во Белград.

Гостувањето во Белград на 26 ноември нема да биде безопасно за германските фанови кои ќе добијат инструкции како да се однесуваат во одредени ситуации. Во мејлот кој ќе им биде испратен на сите 2.000 фанови кои платиле билети од 52 евра, се спомнуваат и можни проблеми околу влезот во Србија.

Како негативност, се наведуваат и условите на трибините. Од Баерн информираат дека делот за гостински фанови, „не кореспондира со стандардите“ на просечни стадиони во Европа каде се играат натпревари од ЛШ. По натпреварот навивачите на Баерн ќе останат на стадион уште еден час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e