Жељко Самарџиќ прослави роденден – еве колку години наполни

Самарџиќ е роден на 3. октомври во Мостар.

По повод неговиот роденден, поп-пејачот и регионална ѕвезда Жељко Самарџиќ реши да му подари песна со спот во својот град Мостар (каде е роден во 1955 година), со наслов „Кошчела“, напишана од истакнатиот босански писател и новинар Мишо Мариќ.

Инаку, кошчелата е растение кое расте на брегот, но и во Херцеговина, а плодовите му се слатки и јадливи. Ова растение е и еден од симболите на родниот град на Самарџиќ, за кој има убави спомени.

Инаку кој би рекол дека Самарџиќ наполни 68 години. Најблиските го израдуваа и Жељко со торта со мотиви на гитара и клавијатура, на која се напишани имињата на неговите песни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e