Жарко Лаушевиќ ќе биде кремиран: Ова е неговата последна желба

Погребот и кремирањето на актерот Жарко Лаушевиќ ќе се изврши во понеделник на 20 ноември 2023 година.

Погребот и кремирањето ќе се направат на Новите гробишта во Белград со почеток во 14 часот, а оваа вест за медиумите ја потврди неговата сопруга Анита Лаушевиќ.

Лаушевиќ изрази желба до вечното почивалиште да биде испратен онака како што живеел – тивко и повлечено.

Глумецот оставил во аманет на своето семејство да биде кремиран и неговото испраќање да биде во Белград. Инсистирал погребот да помине без церемонии и говори, во најблискиот круг на семејството и пријаелите, потврдил извор за српски Курир.

Лаушевиќ е роден во Цетиње, а најголем дел од својата кариера ја градеше во Белград. Потсетуваме, Жарко Лаушевиќ почина во средата на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Тој беше еден од најпознатите југословенски актери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e