Здравко Чолиќ откри што прави со градниците што ги добива од обожавателките

Пејачот Здравко Чолиќ е еден од најсаканите музички ѕвезди во регионот, кому обожавателите често му подаруваат разни подароци – најчесто цвеќе, а неретко и по некој градник.

Сега Чолиќ откри што прави со ваквиот вид „внимание“ од обожавателките, кои своите градници ги фрлаат на бината додека тој пее.

„Вообичаено, градниците им ги давам на мојот тапанар, а тоа се случува многу често. Тоа е убав настан. Тоа е нечија емоција и убаво е кога ќе го добиеш среде емисија. Не дај Боже да го прекинам концертот поради тоа“, рекол тој за „Блиц“, а пренесе „Кликс“.

Пејачот, кој важи за миленик на жените во регионот, веќе со децении предизвикува воздишки кај понежниот пол.

Иако слушачката публика на Чолиќ ја сочинуваат и мажи и жени, на концертите на легендарниот пејач секогаш има повеќе жени. Многу често може да се видат и три генерации дами (мајки, ќерки, баби), кои заедно уживаат во безвременските хитови на Чола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e