„Вовед во анатомија“ прослави 350 снимени епизоди

Ѕвездите и продукцијата од серијата „Вовед во анатомија“, заедно со директорот на ABC Entertainment, Кери Брук, го прослави завршувањето на снимањето на 350-та епизода.

Тие на 15 октомври организираа церемонија со сечење торта, на која беше присутна креаторката Шонда Рајмс, извршната продукција и речиси целата актерска екипа.

Оваа епизода ќе биде прикажана во текот на тековната сезона од серијата. Секој четврток излегува нова епизода од „Вовед во анатомија“. Во моментов се прикажува 16-та сезона од серијата.

вовед во анатомија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e