Вил Смит се огласи откако неговата сопруга откри дека со години не живеат заедно

Сопругата на актерот Вил Смит, Џејда Пинкет Смит неодамна ги изненади сите кога откри дека тие двајца не живеат заедно од 2016 година.

Таа проговори и за инцидентот на минатогодишното доделување на Оскарите кога Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на сцената затоа што се пошегува со изгледот на Џејд.

„Не го изговарај името на мојата сопруга со таа е**на уста“, му викна Смит на комичарот додека Џејда седеше во публиката.

„Долго време не се викавме ‘маж и жена’ и се прашував – што се случува“, изјавила сопругата на актерот во емисијата „Today“ во врска со инцидентот, пренесе „People“.

„Вил беше лут затоа што Крис Рок зборуваше за мене, а јас помислив: Тоа има врска со некои срања од порано. Тоа е се што можам да кажам, тоа воопшто не личи на него (Вил Смит)“, сподели Џејда, откривајќи дека Крис Рок ја викнал на состанок кога мислел дека таа и Вил се разведуваат, но таа го одбила.

Како што рече таа, цитирана од „Фокс њуз“, тој потоа ѝ се извинил.

Вил сега се огласи за тврдењата на неговата сопруга и ѝ испрати писмо кое ѝ било прочитано на Џејда во подкастот „On Purpose with Jay Shetty“.

„Аплаудирам и ти честитам. Да ја прочитав оваа книга пред 30 години, дефинитивно ќе те гушкав повеќе. Ќе почнам сега. Добредојде во клубот на автори. Те сакам бескрајно. Сега напиј се мерло и одмори“, почнал Смит во писмото.

„Кога поминувате повеќе од половина од вашиот живот со некого, настанува еден вид емоционално слепило и лесно можете да ја изгубите чувствителноста на скриените нијанси и суптилните убавини на вашиот партнер“, напишал тој, меѓу другото, за „Њујорк Тајмс“.

Додека Џеј Шети читал дел од писмото за Џејда на неговиот подкаст, таа цело време била на работ на солзи и се насмеала неколку пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e