(ВИДЕО) Ова ќе се слуша – Слаткаристика, Тони Зен и „Два бона“ со заедничка песна

Македонските рапери Тони Петковски, познат како Тони Зен, и Марко Маринковиќ, познат како Слаткар, имаа бројни музички соработки во минатото и важеа за препознатливо дуо на македонската сцена.

Десетина години подоцна, Тони Зен и Слаткар повторно имаат заедничка песна – „Sugar“, а овојпат им се придружи и најпознатата македонска трап група „Два бона“. За целиот проект да биде целосен, свој придонес даде и младата пејачка Антониа Гиговска.

Музиката и текстот се заедничко дело на сите четворица артисти, а аранжманот го направи Марко Јелиќ – Кун од „Два бона“.

Според коментарите на платформата Јутјуб, песната поминува одлично кај слушачката публика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e