(ВИДЕО) Лени Кравиц „како од мајка роден“ во новиот видеоспот

Познатиот музичар Лени Кравиц се враќа на сцената по подолга пауза со нов музички спот, со кој малку ѝ остава на фантазијата на публиката.

59-годишниот Кравиц ја заинтригира јавноста со претстојното музичко видео за песната „TK421“, прикажувајќи ја својата извајана фигура на снимката која ја објави на социјалните мрежи.

Видеото го прикажува Лени кој е потполно гол, додека интимните делови ги покрива само скулптурата која е поставена пред него.


Другата сцена во полн кадар го прикажува пејачот, повторно гол, а овојпат меѓуножјето го прекрива само со својата рака.

Некои од сцените во најавата го прикажуваат Кравиц, облечен во маица и кожни панталони како заводливо танцува на стол, а потоа полугол шета низ прекрасниот стан во кој бил снимен спотот, и позира без маица и ги покажува мускулите додека носи големи златни очила.

Но, фановите нема да мора долго да чекаат за целото видео бидејќи неговата премиера е закажана за денеска во 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e