(ВИДЕО) Интересна песна – Грција на Евровизија ќе се претстави со атрактивната Марина Сати

Пејачката Марина Сати ќе ја претставува Грција на 68. издание на Изборот на песна за Евровизија. Таа ќе настапи на големата евровизиска сцена со песната „Zari“

Сати беше интерен избор на грчката национална телевизија и нејзиното име како грчки претставник беше објавено уште во октомври.

„Zari“ е песна за љубовта, но и за ризиците што некогаш треба да се преземат – како коцката што ја фрламе, не знаејќи што може да ни донесе.

За нејзиниот настап ќе се погрижи легендарниот Фокас Евангелинос, кој беше сценски режисер на многу незаборавни евровизиски настапи – „My Number One“ (Грција 2005), „Shady Lady“ (Украина 2008) и „Die Together“ (Грција 2022).

Грција ќе настапи во втората половина од второто полуфинале, кое ќе се одржи на 9 мај.

Марина Сати ќе ја претставува Грција на 50-годишнината од првото учество на државата во музичкиот натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e