(ВИДЕО) Аријана Гранде проговори за ботоксот и филерите – Стареењето само по себе може да биде толку убава работа

Пејачката Аријана Гранде проговори за естетските зафати. Таа откри дека ставала филери во усните и користела ботокс, но дека прекинала сѐ во 2018 година бидејќи ѝ било премногу.

„Со текот на годините имав многу филери за усни и ботокс, но престанав во 2018 година бидејќи чувствував дека е премногу. Се чувствував како да се кријам. Долго време убавината ми беше скриена и сега се чувствувам дека сум слободна, бидејќи престанав да ставам филери и ботокс“, рече Аријана во видеото за Vogue.

Таа рече дека и покрај сѐ, можеби ќе се предомисли и во иднина повторно ќе користи филери.
“Можеби еден ден ќе почнам одново. Не знам. Секој на своето. Што и да те прави да се чувствуваш убаво, јас го поддржувам. Дали ќе имам фејслифтинг за 10 години? Можеби”, рекла таа.

„Стареењето само по себе може да биде толку убава работа“, додаде таа. Таа верува дека нејзината перцепција за убавината се променила во последните години.

Аријана зборува за почетокот на кариерата.

„Со текот на годините користев шминка како маска или нешто зад кое се криев. Имав сѐ повеќе коса, погуста сенка за очи… Понекогаш може да биде убаво, но како што стареам, ми се допаѓа повеќе она што е под него “, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e