(ВИДЕО) Ана Николиќ сподели видео за алкохолизмот и ги збуни фановите!

Ана Николиќ низ својата долга кариера постојано беше обвинувана дека е зависничка од алкохол, а последната објава на пејачката ги запали социјалните мрежи.
Имено, на својот Инстаграм профил Ана сподели видео од докторот и писател Габор Мате, кој зборува за алкохоличари и алкохолизам.

– Дури и ако некој што пие многу вели: „Јас сум алкохоличар“, јас би му рекол: „Не, не си. Тоа не си ти,користиш алкохол за да ја ублажиш таа болка, но тоа не е она што си ти“. Значи, нема човек кој се опоравил и не е повеќе алкохоличар. Дури и алкохоличар не е алкохоличар во смисла во која јас зборувам. Да,тие пијат. Да, тие самите се повредуваат. Да, тие си го уништуваат животот. Сето тоа е вистина. Не може да се негира. Треба да се признае. Но, што ако го забраниме зборот „зависник“. Што би рекле? Тие би рекле: „Тоа е човек кој многу страдал во животот и во моментов се обидува да избега од своето страдање со ова конкретно однесување“, Николиќ во описот на фотографијата напиша:

– Земјаните ќе речат: „Да, тоа е изговор“. Но, има и такви кои се на висока фреквенција, па ќе разберат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e