Ведрана Рудан: Сопругот го сакам повеќе од децата

Хрватската писателка Ведрана Рудан често е во центарот на медиумското внимание поради нејзините изјави и затоа што е позната како личност која нема влакна на јазикот.

Ведрана несомнено со секоја нејзина изјава крева голема прашина во медиумите, а малкумина знаат дека од првиот брак ги има успешниот син Славен и ќерката Асја и дека е во брак со адвокатот Љубиша Драгељевиќ.
Инаку, син на Ведрана Рудан е Славен Хрватин, кој е еден од најпознатите хрватски психолози, а своевремено објавил и книга со свои колумни наречена „Евилологија“. Тој се залага за заштита на човековите права, и левичар е. Истовремено, тој е и еден вид менаџер на неговата мајка, како и администратор на нејзината многу посетена веб-страница.
Во една прилика за своите деца Ведрана напиша:

-Мајка сум која како и повеќето мајки ги сака своите деца, за среќа не безусловно. Но, јас сум и жена која си дава за право да го сака својот партнер, воглавно, повеќе од сопствените деца.

Нешто подоцна, малку го корегираше овој став.

„Моите деца се успешни, зрели, млади луѓе затоа што јас им помогнав такви да станат. Сигурно не им паѓа на ум да ме критикуваат или да ми се лутат. Само јас во нашата екипа имам право на лутина, но брзо ми минува.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e