Уапсен Сергеј Трифуновиќ: Полицијата го фатила додека купувал дрога

Инспектори наводно синоќа го привеле актерот Сергеј Трифуновиќ откако кај него пронашле неколку грама недозволени супстанции, јавуваат српските медиуми.

Трифуновиќ наводно бил приведен околу 20:00 часот на Вождовац откако, како што пренесуваат српските медиуми, купил дрога од познаник, пишува „Блиц“.

Според понатамошните информации, уапсен е и маж кој бил во друштво на Сергеј Трифуновиќ, а кој е осомничен дека му продал неколку пакетчиња марихуана.

– Во таа прилика кај него е пронајдена одредена количина наркотици, која при акцијата за апсење е запленета – изјавил изворот за „Информер“.

Сергеј Трифуновиќ и неговиот познаник биле приведени во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e