Трето машко – Богдана се породила во приватна клиника, со царски рез

Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ вчера се породи и на свет донесе син на кој му го дадоа името Исаија.

Се породила со царски рез во приватна клиника, а породувањето поминало без проблеми. Гордата баба Цеца Ражнатовиќ ја објави првата слика од бебето.

Имено, таа напладне објави слика од нејзиниот син Вељко како го држи третиот наследник во раце за прв пат, објави Србијаданас.

Вељко Ражнатовиќ се огласи на својот Инстаграм профил и и ја соопшти радосната вест на јавноста.

– Слава на Бога! Се роди мојот трет син Исаија – напиша накратко Вељко, кој претходно објави фотографија од породилиштето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e