Тони Цетински и негова колешка под истрага за фалсификување на сертификати за Ковид

Хрватскиот пејач Тони Цетински и неговата колешка, оперската пејачка Лана Кос се под истрага за фалсификување на сертификати за Ковид.

УСКОК поднел обвинение против 14 лица за плаќање мито во замена за потврда за Ковид.

Полицијата во соработка со УСКОК под лупа ставила вкупно 243 лица, па во однос на останатите 224 истрагата се уште се води, објави Вечерњи лист.

УСКОК ги товари обвинетите дека во периодот од јули до октомври 2021 година во Загреб преку посредник побарале од медицинската сестра П.Р. во Здравствениот дом Запад во Загреб да внесе во информацискиот систем на Министерството за здравство дека се вакцинирани.

Покрај Тони Цетински и Лана Кос, под истрага се и сопственик на фолк-клуб, директори на познати компании, ТВ водителка и нејзиниот сопруг, бројни приватни претприемачи, поранешен учесник на Големиот брат и бројни спортисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e