Без разлика дали е музика или некоја друга професија, успехот не се случува само по себе. Резултати носат само одрекувањето, трудот и упорноста, а тоа на своја кожа го почувствувала и пејачката Теа Таировиќ, за што проговори за медиумите.
Успехот секогаш доаѓа кога најмалку го очекувате. Се трудам да останам приземјенa и да бидам нормалna надвор од сцената и мислам дека успевам во тоа. Сè уште водам нормален живот како порано, само што сум попопуларна – изјави Теа.
Теа откри и чија кариера најмногу ја цени, но и која пејачка и е музички модел.
Мислам дека тоа е Брена, дефинитивно, сепак, таа е единствената! Но, никогаш нема да имам нозе како нејзините и тоа е во ред! (се смее) Мислам дека стигна многу подалеку од југословенските граници и секоја чест за тоа. Постигна успех со кој никој не може да се спореди – изјави пејачката.