Откако Драгана Мирковиќ објави дека се разведува од Тони Бијелиќ по 24 години брак, јавноста не престана да зборува за тоа.
Пејачката Лепа Брена, која со Драгана е пријателка со децении, сега проговори за нивната одлука да го прекинат бракот.
– Навистина не би сакала да ја коментирам таа приказна. Беше шок за сите нас… Драгана Мирковиќ е моја пријателка. Ние двете почнавме да работиме со истиот човек, кој правеше големи ѕвезди и направи сериозна пејачка екипа. Сакам да кажам дека тоа е болен момент за сите нас, за мене особено… Можам да замислам како се чувствува таа – започна Брена.
– Би сакала да кажам едно… Да, како нејзина пријателка, жена, мајка и сопруга, целосно ја разбирам емотивната ситуација во која се наоѓа – продолжи фолк ѕвездата.
– Сакам само да ја испочитуваат и да не ѝ ставаат сол на раната, бидејќи таа е една од добрите луѓе, многу чесна личност, некој кој многу сериозно и професионално ја изгради својата кариера. Би сакала да и дадам апсолутна поддршка како човек на жена и да знае дека секаде сум со неа и дека сум на нејзина страна во секој момент! – заврши Брена за „Први ред“ на К1.