Кога во интервју ја прашале со кого би сакала да сними дует, 34 – годишната поп принцеза Бритни Спирс освен Аеросмит и Гвен Стефни (46), го споменала и нејзиното поранешно момче – Џастин Тимберлејк (35).
„Навистина го рекла тоа? Нека ми се јави. Со 17 – месечниот син не сум им многу интересен на медиумите и за мене повеќе воопшто не се пишува. Слободен сум за соработка“, рекол пејачот кога слушнал за желбата на поп принцезата.
Инаку, Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс беа во врска во нивните тинејџерски денови од 1999 до 2002 година. Славниот пејач нејзе ѝ го посвети еден од неговите најголеми хитови – песната „Cry me a river”.
После Бритни Спирс, Џастин беше три години во врска со холивудската актерка Камерон Дијаз (44), а со актерката Џесика Бил (34) е во брак од 2012 година. Парот пред една година го доби синот Силас Рандал.