Тејлор Свифт освои седум VMA награди, се израмни со Бијонсе

Американската мега-поп ѕвезда Тејлор Свифт освои седум VMA награди на тв-мрежата MTV во средата, со што се израмни со Бијонсе според вкупниот број освоени вакви признанија во нивното 40-годишно постоење.

Свифт ја освои главната награда – видео на годината, за нумерата „Fortnight“, нејзината соработка со Пост Мелоун. Во тоа видео Свифт се наоѓа во психијатриска болница, а самата изјави дека таквото опкружување го отсликува она што го имала во нејзината глава додека ја пишувала музиката за албумот „The Tortured Poets Department“.

„Видеото изгледа навистина тажно кога го гледате, но всушност беше најзабавно да се направи“, рече Свифт по примањето на наградата.

По секој снимен таа би слушнала извици на поддршка од другата страна на студиото.

„Таа личност беше моето момче Тревис“, раскажа Свифт за нејзиниот партнер Тревис Келче, рагбистот на Канзас Сити Чифс.

„Сè што ќе допре тој човек се претвора во среќа и магија… Сакам да му се заблагодарам бидејќи тоа го донесе на оваа снимка“, продолжи 34-годишната музичарка.

До крајот на ноќта, Свифт достигна 30 награди на VMA, што ја израмнува со Бијонсе. Во средата ѝ беше доделена наградата за уметник на годината и песна на летото.

Таа трета година по ред ја освои наградата за видео на годината, по оние за „All Too Well“ и „Anti-Hero“. Тоа е петта награда во оваа категорија за Свифт.

Кога „Fortnight“ ја освои наградата за најдобра соработка, Свифт го пофали Мелоун како „неверојатно талентиран“ и „бескрајно пристоен“.

„Ми требаше засекогаш да го убедам да не ме вика ‘госпоѓо’, рече таа покрај Мелоун на сцената во UBS арената близу Њујорк. Мелоун возврати на комплиментите, нарекувајќи ја Свифт „апсолутно еден од најљубезните и најталентираните луѓе“ што некогаш ги сретнал.

Доделувањето на наградите VMA, кои се кратенки за Video Music Awards (видео музички награди), започна во 1984 година, а церемонијата стана позната низ годините по бројни незаборавни моменти, како што се страсниот бакнеж на Бритни Спирс и Мадона на сцената или фустанот од сирово месо на Лејди Гага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e