Теа Таировиќ најави голем концерт во Скопје

Уште отсега забележете си го датумот, 16-ти декември, денот кога цела Македонија ќе се собере во македонската престолнина – Скопје, поточно салата „Јане Сандански“ во Аеродром, за да ја проследи неповторливата сензација. Организаторите со огромно задоволство го најавуваат концертот на моментално најбараната балканска ѕвезда, единствената Теа Таировиќ.

Во повеќе наврати мегапопуларната пејачка покажа дека македонската публика ја обожава, токму затоа само за таа вечер ќе приреди целовечерно шоу насловено како „На една ноќ во Скопје“ со почеток во 20 часот.

Влезниците се веќе во продажба на страните www.vleznica.mk и www.karti.com.mk , но со оглед на тоа што станува збор за единствената Теа Таировиќ, навремено набавете влезници. Подгответе се за настанот на годината. Теа ве кани на сензационално шоу кое не смеете да го пропуштите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e