Новата песна на бендот „Тајфата“ насловена „Бумеранг“ по само неколку часа објава , а веќе и рипна гледаноста на видео-записот на јутјуб.
Не е чудно, со оглед на тоа што се работи за навистина уникатен и скап спот каков што одамна не сме виделе во нашиот етер. Зад видеото се потпишува „Фан продукција“ и Зоран Пиловски, а видеото е во режија на Богоевски Владимир, еден од членовите на групата.
Богоевски е автор на музиката и вокал заедно со преубавата Сара Сурлаџиоска.
-Секогаш е добро да се слушнат убави зборови посебно за оние работи во кои вложивме доста време и енергија. Со нашето видео на песната Бумеранг сакавме малку да ги поместиме стандардите од македонските видеа и се надеваме дека добивме доста квалитетни парчиња со кои може да ни подзавидат и светските продукции.
Околу два месеци се снимаше видеото, се одлучивме да снимаме на островот Крит плажата Балос која е една од најубавите во светот, плажата Елафониси, Бодрум во Турција и на охридското и преспанското езеро кај нас, велат од групата за „Гламур“.
Во видео-записот има неколку кадри кои потсетувааат на старите песни на Лепа Брена и групата „Слатки грех“,. Случајно или креативноста на режисерот свесно сакаше да ја испрати таа порака и тој стил ?
Чест е да ве споредат со такви ѕвезди, но се држевме до нашата замисла и сценарио со кое се надевам го задржавме вниманието до крај.
И згодната Сара доловува потези кои Брена ги прави на спотовите „Југословенка“, „Сањам“, „Пожели сречу другима„…неверојатно е како потстеува во некои движења и однесување на мегаѕвездата. Во контекст на нашата забелешка побаравме одговор од пејачката дали ја слуша Брена и дали нејзините песни се дел од нивните настапи.
-Пред се, ви благодарам на прекрасните зборови. Иако сум дел од младата генерација, нема да кријам ако кажам дека од мала ги слушав хитовите на Лепа Брена и секогаш се восхитував на нејзината успешна кариера. Секако дека дел од нејзините песни се дел од нашиот репертоар, вели таа за Гламур,мк
„Тајфата“ полека, но сигурно ред со ред вади нова песна, со присојно растојание од една до друга и со вистински квалитет, педантно одработена музика. Дали се крчка, албум, концерт?
Во моментов работиме на квалитетна авторска музика која долго ќе остане во етер и долго ќе се слуша. Се подразбира дека нашите амбиции се високи и со цел кон издавање на албум, но пред да се случи тоа, би сакале да направиме добар склоп на композиции.