Страшна несреќа на концерт на Роби Вилијамс: Жена од публиката е во кома

70-годишна жена паднала на концерт на Роби Вилијамс и моментално е во кома.

Таа моментално се бори за живот откако паднала преку шест реда седишта за време на концерт.

По падот жената во критична состојба била префрлена во болницата „Сент Винсент“ бидејќи при падот се здобила со повреди на главата и лицето.

– Синоќа бевме на стадионот Алијанц. Бевме повикани поради 70-годишна жена која падна, а која имаше сериозни повреди на главата и лицето. Ја однесовме во болница во критична состојба – изјавил портпаролот.

Според извештаите, таа сакала да се искачи малку повисоко за да има подобар поглед, а потоа се лизнала, пренесува DailyMail.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e