Софија Вергара: Наркокартел ми го уби братот

Најплатената телевизиска актерка на светот, сексапилната Софија Вергара се присети на растењето во Колумбија и на семејната трагедија.

Нејзиниот најстар брат Рафаел бил убиен од нарко картел.

– За жал, во Колумбија во тоа време пипците на трговијата со дрога беа насекаде. Не можам да ви кажам дека сите биле дилери на дрога, бидејќи тоа не е точно. Но, на пример, ако сте архитект, кој ги купил становите? Ако имате салон за автомобили, кој ги купува автомобилите? Наркос. Знаевте кои се наркосите. Сè беше допрено од нив. Брат ми беше убаво момче. Но, тој донесе погрешна одлука и, за жал, плати за тоа. Сите плативме за тоа – изјави Вергара.

Убиството на нејзиниот брат засекогаш го промени семејството на убавата и сега многу популарна актерка Софија Вергара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e