Славната старлета во јуни доаѓа во соседството

Како што ексклузивно дознава српски Курир од извор кој е запознаен со планот на посетата, најпознатата ријалити ѕвезда во светот, Ким Кардашијан со своите деца доаѓа во Белград.

Главна причина за посетата е отворањето на првата продавница на нејзиниот моден бренд во главниот град на Србија, а по тој повод Ким ќе присуствува на голема забава во нејзина чест, која ќе се одржи на ексклузивно место.

„Ким во Белград пристигнува од Германија, поточно од Гелзенкирхен, каде заедно со синовите Сент и Псалм ќе присуствуваат на Европското првенство, поточно на натпреварот во групната фаза токму на Србија против Англија на 16 јуни. Нејзините деца се големите фанови на Премиер лигата и англискиот фудбал. Ќе биде со неа цела екипа, а на белградскиот аеродром ќе слета со нејзиниот приватен авион „Ким џет“ кој го купи пред неколку години за неверојатни 150 милиони долари. Ќе престојуваат во претседателскиот апартман на еден од најпознатите хотели во главниот град.

„Покрај личното обезбедување, Ким ќе има дополнително 24-часовно обезбедување кое ќе ја следи будно“, рекол изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e