Синди Крафорд ја откри причината за разводот од Ричард Гир

Синди Крафорд за време на гостувањето во емисијата на Опра Винфри откри зошто се разведе со првиот сопруг, актерот Ричард Гир, и тоа само неколку години брак.

Популарната манекенка имала 21 година кога го сретнала холивудскиот актер Ричард Гир, а со 17 години постариот заводник се венчала 4 години подоцна, во 1991 година. И за двајцата тоа било прв брак. Парот официјално се разведе во 1995 година, а илузорно е да се каже дека беа еден од најследените парови во светот, но и еден од најатрактивните. Сепак, никогаш не оставаа впечаток дека се „вистински пар“.

Кога се венчавме, тој имаше 42 години, а јас 25. Бев млада, а тој беше Ричард Гир. Бевме заедно 6 години, а во брак поминавме 2. Кога ќе се сретнеме, речиси и мора да си се претставиме еден на друг бидејќи воопшто не се гледаме. Пријатели сме, но не се дружиме… Кога почнав да станувам личноста која сум денес, беше доцна да го спасиме бракот. Мислам дека дел од проблемот беше тоа што бевме сè освен пријатели, бидејќи јас бев млада, а тој беше, знаете – Ричард Гир, раскажала манекенката по разводот.

Бев девојка што пораснала гледајќи романтични филмови и сонувала за голема венчавка од бајките. Бевме заедно неколку години и постојано го прашував кога ќе се венчаме, искрена беше Синди кај Опра.

Ричард на крајот се согласил на брак.

Имав 42 години, а жената по која бев луд и која многу ја сакав ми рече: „Не можам да чекам. Доколку ништо не се случи, ќе продолжам понатаму“. Бракот со Синди е најдобрата одлука што сум ја донел, изјавил тој во интервју непосредно по венчавката.

По четири години љубов, Ричард конечно одлучил да направи свадба со Синди во Лас Вегас. Тоа била импровизирана церемонија во мала капела, без вистински прстени, наместо тоа имале заменски бурми од алуминиумска фолија.

На самиот почеток функционирале совршено, но набрзо станало јасно дека меѓу нив постоела непремостлива разлика. Не биле само годините, најголемиот проблем била погрешната визија за заедничка иднина.

Повеќе од сè сакам семејство. Чувствувам дека тоа е она што ми треба во мојот живот и мислам дека би била добра мајка, изјавила Синди.

Меѓутоа, кога Ричард Гир во една пригода го прашале новинарите дали планира деца со сопругата, тој само им одговорил:

Јас сум сè уште дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e