Сиа откри дека боледува од автоимуна болест

Сиа не сака јавно да ја открива својата интима, но тоа овој пат го направи за да им помогне на другите кои боледуваат од истата болест како неа. Славната кантавторка и пејачка на својот Твитер профил откри дека боледува од тешка невролошка болест Ехлер- Данлос синдром. Тоа е наследна болест на колагенот која е карактеристична по екстремно голема подвижност на зглобовите, преголема растегливост на кожата и кревкост на сите ткива. Воглавно не влијае на животниот век на заболените.

– Трпам хронична болка предизвикана од невролошка болест Ехлер- Данслов синдром и само сакам да им прачам на сите кои трпат болки, било физичка или емоционална, дека ве сакам. Продолжете да се борите. Животот е многу тежок. Болката деморализира и не сте сами“ – напиша Сиа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e