Северина со трогателен говор пред настап: Не станав од кревет 4 дена

Северина Вучковиќ последните неколку дена минува низ вистинска агонија, откако Врховниот суд на Хрватска одлучи старателството над детето да му го додели на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ.

Пејачката со денови пишуваше за тоа на социјалните мрежи, но сите го чекаа нејзиното појавување во јавноста.

Севе синојка настапуваше во Јахорина, а овој настан го придружуваше и медиумска екипа.

Иако минува низ голгота, пејачката блесна во бел костум, но не може да се каже дека имаше насмевка на лицето.

И пред да запее, прочитала потресен говор за сè што и’ се случува.

– Не станав од кревет 4 дена. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да се средам и да ви се поклонам вам – почна Севе и доби аплауз од публиката.

-Прво да им се поклонам на сите мали и слаби жени кои ми дадоа сила… Колку убаво ми рече претседателот на Врховниот суд, на големите и моќните… Во деновиве не можам дури и да најдам сила да станам од кревет и да го испратам моето дете на училиште и да се обидам лично да ви се заблагодарам на сите вас кои ми пружате неизмерна љубов. Не смеам да бидам нечесна, морам и да им се заблагодарам на сите мажи. Особено на моите колеги од местото на настанот. Моето сандаче на Инстаграм е полно. Многумина од вас ми ги споделуваат своите искуства, има пораку кои ме расплакаа, а има и многу од Босна и Херцеговина кои се жртви на институционално насилство. Знам и еден случај од Херцеговина, мајка на две девојчиња кои отишле кај татко насилник, кој ги силувал и двете – прочитала Северина и додала:

– Велат дека мора да бидеме молчеливи и покорни кога се во прашање децата. Молчев упорно и покорно, зборуваше другата страна, а јас чекав и верував во хрватскиот правен систем, како што веруваат жените во Босна. Молчев додека за првпат не ми го одзедоа детето. Оттогаш зборувам за неправдите на системот, за организираното киднапирање на деца кога се вмешани богати и моќни татковци. Нема да застанам ниту јас, а се надевам дека нема да запрете ниту вие сите жени од Босна и Херцеговина – рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e