Северина ја откри тајната на совршениот задник – може да ја примени секоја жена

Северина важи за една од најзгодните пејачки, а во својата 6-та деценија може да се пофали со изглед на 20-годишна девојка. Нема вишок килограми, стрии, целулит, а многу жени се прашуваат како. Северина со години ја има истата тежина – 55 килограми на висина од 170 сантиметри. Убавото тело им го должи на навиките кои ги следи со години. Инаку, големината на облеката на Северина е 36, а нејзините мерки се 95-61-95.

Пејачката редовно тренира, но вели дека успехот не е можен без соодветна исхрана. Во еден период имала 7 килограми вишок, од кои се ослободила со корегирање на менито.
„Сакам да јадам, па се дебелеам, но тогаш не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја коригирав исхраната. Се одлучив за пет помали оброци и получасовна прошетка“, изјави таа за „Информер“.


Ова и помогнало од 63 килограми да достигне 56. „Обожавам овошје и зеленчук, па во последно време само тоа го јадам. Штом станам пијам смути, во кое ставам моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини и бадемово млеко. Понекогаш и банани, за да биде погусто. Тој оброк навистина ме заситува, па не сум гладна до ручек“, вели таа.

Кога станува збор за тренинзите, Северина оди во теретана еднаш неделно, освен кога се подготвува за турнеја – тогаш таму ќе ја најдете три до четири пати неделно. Таа има „едноставен“ рецепт за задникот од соништата: „Вежбам рамномерно и го оптеретувам целото тело, а за совршен задник правам чучнувања. На сите жени би им препорачала да прават по 100 чучнувања на ден и модната писта е нивна“, додаде таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e