Селена Гомез се соочува со најтешките денови во нејзиниот живот

Селена Гомез се соочува со најтешките денови. Прво, ја откажа турнејата, и рече дека се повлекува од сцена поради здравствени проблеми, а сега се пријави и на рехабилитација.

Таа на почетокот на септември тајно се пријавила на клиника за рехабилитација поради борба со емоционални проблеми и депресија.

Пејачката на крајот на август ја откажа турнејата, што за нејзините фанови беше вистински шок. Таа изјави дека се повлекува од сцена со цел да се фокусира на здравствената состојба.

Во клиниката за рехабилитација ќе остане два месеци, а стручен кадар ќе треба да и помогне да се справи со здравствените проблеми.

Центарот за рехабилитација во која Селена се има пријавено, не е многу познат на јавноста, но после појавувањето на познатата пејачка, самата клиника го зголемила обезбедувањето.

Селена боледува од лупус, а во последниве месеци дополнителни товари и создаде јавната расправија со бившиот дечко Џастин Бибер како и смртта на нејзината блиска пријателка Кристина Гримие.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e