Се сеќавате на неа? Беше ѕвезда во 90-тите, а еве како сега изгледа

Во доцните 90-ти и раните 2000-ти, Џулија Стајлс беше ѕвезда на тинејџерските играни филмови, а потоа реши да се повлече од Холивуд и престана да добива големи улоги.

Многумина мислеа дека е поради тоа што не може да се пронајде во „возрасните“ улоги, а веќе е престара за тинејџерски филмови. Ја гледавме во неколку романтични комедии, а ја паметиме и по улогата во „10 нешта кои ги мразам кај тебе“, со Хит Леџер.

Неколкупати била номинирана за наградата „Teen Choice Award“. Посериозните улоги не донесоа добар прием кај публиката. Во едно интервју и самата открила дека не се вклопувала во новата лична ера и не можела да се поврзе со ниту една улога.

Епизодната улога во „Борновиот идентитет“ ја оживеала нејзината актерска кариера, но нејзиниот лик во 2016 беше „убиен“. Но, никогаш повторно не ги добила позитивните критики како во 90-тите, кога глумеше само во романтични филмови.

Во серијата „Декстер“ се појави во 10 епизоди и доби номинации за Еми и Златен глобус. Речиси цела деценија не успеала да добие главна улога, до 2017 година, во серијата „Ривиера“, како и во „Измамнички“ (Hustlers), рамо до рамо со Џенифер Лопез, Констанс Ву и Карди Би.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e