Се огласи принцот Вилијам: Кејт е се подобра

Британскиот принц од Велс, Вилијам изјави дека неговата сопруга, принцезата Кејт е се подобра и дека би сакала да присуствува на комеморацијата на Денот Д – годишнината од слетувањето на сојузничките трупи во Нормандија.

Тој го кажа ова во разговор со ветераните по комеморацијата на годишнината во Портсмут и додаде дека Кејт е се подобра, пишува „Тајмс“.

Принцезата Кејт на крајот на март објави дека има рак, но ниту таа ниту кралската палата не појаснија за каков вид на рак се работи.

Кралската палата се уште не посочи кога принцезата би можела да се врати на јавните обврски.

Медиумите потсетуваат дека имаше шпекулации дека принцезата можеби е доволно добро за да учествува на воената парада во Лондон на 8 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e